Цел свет го прераскажува ХАОСОТ што го направи палавиот принц Луј: Кејт ја влечеше за коса, ја удираше по глава и ѝ ја затна устата! (ФОТО +ВИДЕО)

Најмладиот британски принц Луис, кој има само четири години, направи хаос на јубилејот на кралицата – ја удираше Кејт Мидлтон и ѝ ја затнуваше устата! 

Кејт Мидлтон имаше полни раце работа на трибините за време на прославата на 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора! Повеќедневната прослава по повод платинестиот јубилеј на кралицата траеше цел викенд, а Кејт и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, најмногу ги водеа постарите деца.

Најмладиот британски принц ја тепаше, викаше, се кривеше, а во еден миг дури и налутено ѝ ја покри устата на мајка си, а малку подоцна ја удри по глава.

Nevaljali princ LujВојвотката од Кембриџ, како вистинска искусна мајка на три деца, ги избегнуваше неговите напади и се обидуваше да го смири и да му го одвлече вниманието. Го примени секој трик од ракавот, но детето беше „невозможно“ – де ја прегрнеше мајка си за да ѝ се извини, де продолжуваше да се глупира, а во еден момент ја искуба и другарка си за коса!

Nevaljali princ Luj

На крајот го испратија кај дедо му, принцот Чарлс, кој го нишкаше на коленото и го смири. Погледнете го видеото!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.