Трагедија: Популарниот рапер Гру загина откако со параглајдингот падна во вода
Зад себе ги остави во солзи сопругата и двата сина
Популарниот рапер Далибор Андонов Гру (46) загина денес околу 15 часот кај Наутичкиот клуб „Земун“ во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, раперот упаднал во вода со параглајдингот. За жал, несреќата ја предизвикало невремето.
Според исказите на сведоците, за време на скокот удрил во буре и паднал. Пријателите го извлекле од водата, а набргу пристигнала итна помош, која констатирала смрт.
Далибор го паметиме по хитовите „Биќу ту“, „И даље ме желе“, „Прави број“ и многу други…
Најголемата популарност ја постигна во 1990-тите години, а со музика се занимаваше до денес. Во солзи ги остави сопругата Даница и синовите Вук (7) и Реља (3).