„Ти си моето омилено битие“: Џастин Бибер ја однесе Хејли во Јапонија за нејзиниот роденден (ФОТО)

Љубов

Познатиот пар се одлучи за интересна дестинација за прославата и оттаму секојдневно објавуваа фотографии на социјалните мрежи.

Хејли и Џастин Бибер не кријат колку се заљубени. Тоа може да се види и на фотографиите на кои се бакнуваат и заљубено се гледаат, како и во пораките кои си ги упатуваат еден на друг.

Познатиот пејач по повод роденденот на својата драга, ѝ упати слатка порака:

Среќен роденден (во Јапонија) на моето омилено човечко битие. Ти го правиш магичен животот, опседнат сум со се’ што има врска со тебе. Те сакам Бам Бам, напиша Џастин (28).

Потоа објавија фотографија, каде парот е опкружен со дрва од бамбус и ѝ испраќа бакнеж.

Хејли и Џастин, кои во тајност се венчаа во септември во 2018 година, веќе ја прославиja четвртата годишница од бракот. Тие секој свој важен датум често го споделуваат со фановите, па и со интимни пораки посветени еден на друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Џастин на една фотографија се појави со црна перика и очила, па на шега напиша:

Изгледам добро, мирисам добро, се чувствувам добро. И добро водам љубов.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.