Телото на актерот пронајдено закопано во дворот: Полицијата останала без зборови кога пристигнала на местото на злосторството

Бразилскиот актер Џеферсон Мачадо (44), кој исчезна пред речиси пет месеци, е пронајден закопан пред куќа во Рио де Жанеиро. Веста дека актерот е пронајден мртов ја објави семеjна пријатека на својот профил на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Machado (@jeffmachadocosta)

Со големо жалење ве известуваме дека Џеф е пронајден мртов – напиша Синтија Хилсендегер во потресна објава.

Полицијата соопшти дека телото на актерот било пронајдено врзано и набиено во дрвена кутија, која потоа била закопана два метри под земја во дворот на приватна куќа во населбата Кампо Гранде. Тој беше идентификуван врз основа на неговите отпечатоци од прсти.

Рацете му беа врзани зад главата – рекол семејниот адвокат и нагласил дека на актерот му била обвиткана жица околу вратот, што укажува дека најверојатно бил задавен.

Адвокатот додал дека телото било испрскано со некоја хемикалија за да не се почувствува непријатниот мирис на распаѓање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Machado (@jeffmachadocosta)


На видеата се гледа дека ковчегот бил ископан и извлечен од тим од девет луѓе, кои прво морале да го скршат бетонскиот под со дупчалка. Полицијата во Бразил трага по мажот од кој го изнајмил имотот.

Неидентификуваниот осомничен, кој наводно го познавал Мачадо, последен пат бил виден како влегува во куќата пред околу еден месец.

Џеферсон беше ладно и брутално убиен од завидливи и зли луѓе – напиша Хилсендегер на Инстаграм профилот на актерот.

Откривањето на телото, исто така, го означува крајот на сагата што започна откако Мачадо, кој е роден во Рио, исчезна во јануари, а полицијата соопшти дека последен пат бил виден во Кампо Гранде.

Семејството на Мачадо дознало за неговото исчезнување дури откако една невладина организација ги известила дека неговите осум кучиња се сами во куќата со денови. Меѓутоа, во текот на следните месеци, семејството добивало пораки од некој за кој се сомневале дека се претставува како актерот, пишува „Дејли мејл“.

Мајката на Мачадо, Марија дас Дорес, изјавила дека преписката ѝ била сомнителна бидејќи била полна со правописни грешки и не ѝ изгледала како дека се допишува со нејзиниот син. И таа престанала да добива повици од него, а лицето кое ѝ се претставило како Мачадо ѝ објаснило дека наводно телефонот му паднал во тоалетот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.