Таа навистина не знае да одбере маж: По серискиот прељубник, нашла оженет силеџија?!

Неверојатно

Се зборува дека од сите Кардашијанки, Клои секогаш ги одбира најлошите мажи

Раперот Треј Сонгз и Клои Кардашијан биле видени заедно на последната забава во организација на пејачот Џастин Бибер.

Странските медиуми тврдат дека поранешните љубовници некое време воделе приватен разговор, односно дека цела ноќ се дружеле.

Наводно, Клои и Треј инсистирале да бидат сами и сите да ги остават на мира одредено време.

Да се потсетиме, во 2016 година Треј и Клои биле уловени како се бакнуваат страсно, а пото уште неколку пати биле видени како заедно го поминуваат слободното време. Ја прекинале врската пред Клои да започне врска со Тристан.

Откако не е со Тристан, Клои упорно работи на физичкиот изглед, а последен пат имавме можност да ја видиме на отворањето на продавницата SKIMS во Мајами, во друштво на сестра ѝ Ким.

Може да се каже дека коментарот на Тристан за новиот партнер бил прилично јасен. На Инстаграм споделил цитат кој говори за прекинот на чувството на вина поради минатите одлуки.

„Дозволете си иднината да ве возбудува, наместо да чувствувате мачнина. Сегашноста нека ви биде дар за да се чувствувате живо, а не проклетство што ве принудува да живеете во минатото или иднината“, гласел цитатот.

Интересно е што новиот партнер на Клои Кардашијан има сопруга, а наводно тој ги поминува ноќите со Клои. Идентитетот на жената на Треј бил откриен во 2020 година, иако со години се во брак. Истата жена, Каро Колон, му родила син во 2019 година.

Многумина сметаат дека Клои едноставно не знае да одбере кога станува збор за мажите, а Треј Сонгз е исклучително лош избор ако го разгледаме неговото минато со жените. Извори блиски на Клои тврдат дека таа отсекогаш го сметала Треј за привлечен и уживала во времето поминато со него.

Имено, Треј Сонгз неколку пати бил обвинет за сексуално и психичко злоупотребување од страна на различни жени, како и за насилство во односите.

Ја изневерувал Клои Кардашијан додека била бремена и ѝ направил дете на љубовницата: Сега е откриено името на синот за кого не сака да чуе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.