Не можеше да остане незабележана: Едноставната елеганција на Памела Андерсон (ФОТО)

Дали уште еднаш го потврди статусот на секс-бомба?

Новите проекти практично ја извлекоа Памела Андерсон на улица, а нејзината „оld fashion“ елеганција не можеше да остане незабележана.

Токму во еден таков стајлинг, актерката беше видена на улиците на Њујорк, облечена во бела откопчана класична кошула, вовлечена во беж панталони со длабок струк и со прави, широки ногавици.

Најпопуларната плејбој-зајачица носеше супермодерни проѕирни сандали на нозете, кои го откриваа нејзиниот жар-црвен педикир.

Со моден детаљ – гердан од бисер, Памела го потврди враќањето на овој ретро-тренд од 1990-тите, како и неговото вклопување со аутфитот од дневната варијанта.

Изгледот го заокружи со црна чанта, додека препознатливата платинесто-руса коса со раскошните бранови ја префрли на една страна.

Дали уште еднаш го потврди статусот на секс-бомба? Погледнете во продолжение!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kenzie (@pamelaarchive)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.