(ФОТО) Лежерниот шик на Џесика Алба е совршен за топло време

Се согласувате?

Фото: Getty Images

Џесика Алба (40) со секое појавување на улиците на Лос Анџелес упорно го потврдува својот статус на кралица на уличниот стил. Со својата беспрекорна естетика, остава впечаток дека се стилизирала без напор не заборавајќи да му ја обезбеди потребната доза на шик на секој аутфит во кој се појавува.

Холивудската актерка со најновото излегување на прошетката со своето најмало дете, четиригодишниот Хејс, ни донесе уште една голема стилска инспирација – која може да се носи цела пролет, но и лето.

Беж панталоните со длабок струк и прави ногавици ги искомбинира со бела маичка со прерамки, над која облече предимензионирана кошула со кафени и бели пруги.

Изгледот го подигна на повисоко ниво со златниот накит – нанижани ѓерданчиња и алка-обетки, како и ретро-очила за сонце и кафена мини-чанта.

Џесика е голема љубителка на бели патики, па овој пат избра длабоки старки на Converse, со кои ја заокружи оваа дневна комбинација.

Погледнете:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.