„Лае на него како КУЧЕ“: На Џеј Ло не ѝ се допаѓа како се облекува Бен и тоа што постојано пуши

Попуштаат конците...

Во брак се веќе три месеци, а веќе наголемо се зборува дека не им цветаат рози.

Брачниот пар Афлек ретко се појавуваат заедно, а кога и да ги видиме, тоа се внимателно исценирани ситуации каде Џенифер срамежливо се смее на фотографите со желба да создаде слика дека нејзиниот брак функционира фантастично, пишува radaronline.com.

Но вистината е дека нема ништо фантастично во бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез. Пријател близок до парот вели дека Бен не е свесен „во што се впуштил“, додавајќи како парот постојано се расправа.

„Тој е тип за фармерки и маица, а Џенифер постојано му врши притисок да го промени неговиот стил на облекување. Оди по него и му зборува што да облече“, вели добро известениот извор.

Изгледа дека Џеј Ло наводно е изнервирана за неуредноста на својот маж.

„Бен не чисти после себе, а тоа Џенифер ја води до лудило. Таа не поднесува што пуши, а тој во последно време не ја испушта цигарата од рака. Постојано оди по него и му упатува со прстот, галами на него како да е некое куче“.

Парот од неодамна е фотографиран како со агентот за недвижнини бараат дом, но на никој не може да им побегне незадоволството на лицата на младоженците.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.