Ова е главната причина за апсењето на Северина: Се појавија сите детали, пејачката не е главната причина за тепaчката со сестра си! (ФОТО)

Нови пикантерии

Веста за неодманешниот фамилијарен проблем помеѓу родените сестри Северина Вучковиќ и Маријана Поповиќ во станот во Сплит, во кој присуствувала и нивната мајка Ана, одекна како бомба во регионот.

Посебно шокантно беше тоа што поради овој sкандал, Северина беше приведена на загреpскиот аеродром, за да даде исказ во полиција и да го каже своето мислење во врска со инцидентот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Тогаш и едната и другата страна имале свои верзии за случајот, а причината за нивната кавга и физичка пресметка била недвижност која мајката на Северина, Ана, ѝ ја препишала на внуката Миа, поради што Маријана збеснала.

Во медиумите пишуваше сè и сешто за тоа како дошло до тепачката во станот во Сплит. Има тука сешто, точно е дека Маријана ја погоди тоа што Северина ја одјавила од сплитската адреса, но главната причина е тоа што нивната мајка Ана еден недвижен имот ѝ го препишала директно на ќерката на Маријана, Миа, која ја обожава. Ана за тоа воопшто не се консултирала со Маријана, додека, пак, Северина во потполност ја држела во тајност идејата на својата мајка, а била запознаена со сите детали. Познато е дека Миа и нејзината мајка со години не се во добри односи, а едно време Миа живееше со тетка ѝ Северина – раскажал изворот за српски „Курир“, и додал:

Кога Маријана дознала дека нејзината мајка ја заобиколила за ова прашање и дека недвижноста ја препишала на име на ќерката Миа, а не неа, потполно полудела од бес. Ги повикала мајка си и Северина за да се расправа со нив и за да ѝ објаснат се’, но тие не ѝ одговориле на повиците. Затоа се упатила во станот во кој живее Ана, за да ја праша зошто го направила тоа. Таму била и Северина, која веднаш застанала на страната на нивната мајка и ја заштитила од бесната Маријана. Останатото сите знаете како завршило.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.