Славен пејач шокираше со признанието: „Цел живот криев дека сум видовит и дека комуницирам со духови“

Шоубизнис

Беше една од најголемите ѕвезди пред две децении, а сега зборува со духовите на своите предци.

Пејачот Крег Дејвид доминираше на светската музичка сцена во 2000те и сите играа на неговите хитови. Иако во последно време се повлече од медиумите, и понатаму е популарен. Вредно работи на осмиот студиски албум, но и на својата прва книга.

Многу се посвети на техниките на самопомош, па тие всушност ќе бидат главна тема на книгата што ја подготвува. Меѓутоа, Дејвид откри дека пеењето и пишувањето не се негови единствени таленти. Има и една скриена вештина.

Имено, шокираше со признанието дека е „видовит“ и дека може на некој начин да коминицира со своите предци.

„Јас сум многу емпатичен, супер чувствителен и видовит, се чувствувам слободно тоа сега да го споделам. Јас сум многу видовит и можам да видам работи во иднината. Ушите ми ѕвонат како луди и знам дека во тој момент постои духовен водич или некој предок кој се обидува да ми го сврти вниманието на нешто“, заклучи тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.