СРАМОТА Канје Вест на своите вработени им покажувал експлицитни фотографии од Ким: Бизарниот потег ги згрози сите, а само кога би му ја знаеле целта, би го замразиле!

Шоубизнис

Откако познатиот спортски бренд ја прекина врската со Канје Вест поради неговите антисемички говори, поранешните вработени тврдат дека раперот им покажал експлицитни фотографии и снимки од својата поранешна сопруга Ким Кардашијан како „тактика за застрашување“.

“Rolling Stone” објави дека еден вработен од кретивниот тим рекол дека Вест му покажал експлицитни фотографии од Ким во текот на разговорот за работа во 2018 година.

„Жена ми само што ми го прати ова“, наводно му рекол раперот додека на телефонот му покажал „многу провокативна и приватна фотографија од Ким Кардашијан“, пренесува „Пејџ сикс“.

Најмалку уште еден поранешен вработен вели дека Канје Вест истата година на креативниот тим “Yeezy” му покажал експлицитно видео од поранешната сопруга која во 2021 година поднела барање за развод.

Истите обвинувања ги изнела и трета личност која споделила дека дизајнерот „не се плаши да покаже експлицитни фотографии или да зборува за ситуациите кои би требало да останат приватни“.

Обвинувањата ги изнесоа во отворено писмо кое го доби магазинот “Rolling Stone”.

Во него вработените на високите позиции во “Yeezy” им порачале на директорите дека модните брендови го исклучиле својот „морален компас“ и наводно дозволиле Вест да создаде „злоупотребувачка“ култура во компанијата.

Вест е обвинет дека на вработените им покажал и свои порнографски снимки.

„Се чувствувам дека тоа беше тактика да ја уништи личноста и да создаде почит кон себе, тестирајќи и уништувајќи ги човечките граници“, рекла едната личност, додека другата тврдела дека Вест посебно целел на вработените.

Вест и Ким Кардашијан се уште не се огласиле за овој скандал, пишува „Пејџ сикс“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.