Барал да му се заколне дека никогаш нема да открие каде го погребала: Повеќе од 30 години ја чува тајната на славниот пејач

Прочитајте

Пред 31 година почина славниот Фреди Меркјури, на 23 ноември 1991 година. Сè уште не се знае каде точно е погребан

Тоа било мрачен ноемвриски ден во 1991 година кога светот го преплавила веста дека починал Фреди Меркјури, британски пејач, текстописец и член на рок-бендот „Квин“. Ден пред смртта, Фреди на сите им кажал дека е заразен со ХИВ.

Но најголемата тајна сепак ѝ ја доверил на Мери Остин.

Мери била неговата „жена“, љубовта од младите денови. Покрај сите мажи со кои спиел, никогаш не престанал да ја сака неа. Му била свршеница додека собрал храброст и прво нејзе ѝ кажал дека е геј.

Мери останала покрај него и ги чувала сите негови тајни, па дури и најголемата. Повеќе од 30 години таа сè уште нема кажано каде го погребала Фреди.

Фреди не сакал никој да знае каде се наоѓа урната со неговата пепел, за да не биде осквернат неговиот гроб, па оваа тајна ѝ ја доверил на жената, за која велел дека е љубовта на неговиот живот.

Со тестамент ја обврзал својата поранешна свршеница Мери Остин да се погрижи за пепелта и никогаш јавно да не соопшти што направила со неа. Под нејзино старателство ја оставил и својата сакана мачка. Мери и денес живее во станот што го наследила од него.

Таа успеала да ја оправда довербата на Фреди, па тајната за неговата урна ја сочувала дури и до родителите на Фреди и од неговиот последен љубовен партнер Џими Хатон.

Фреди и Мери започнале врска на почетокот од 1970-тите години и биле заедно пет години. Се разделиле кога Фреди ја запознал со американски продуцент од „Електра Рекордс“, со кого започнал романска. И покрај раскинувањето, останале многу блиски и до крајот на животот Фреди ја сметал за вистински пријател.

Во 1985 година ја започнал својата втора долга врска, овој пат со неговиот фризер, Џим Хатон, со кого живеел до смртта. Фреди ѝ го оставил своето богатство на Мери – имот вреден 20 милиони фунти во Западен Лондон и 9 милиони фунти во кеш.

Кога Фреди починал, таа паднала во криза. Се разболела од неколку болести и се трудела емотивно да се избори со наследството.

„Си мислев: ‘Ох, Фреди, ми остави толку многу и толку многу товар’. Мислев дека не можам да се справам со тоа. Ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик одошто сум свесна. Благодарна сум му што ме предупреди, бидејќи набрзо се соочив со голема љубомора“, открила Мери Остин.

Биографот на групата „Квин“ во една пригода рекол:

„Беше покрај него пред сè и покрај сè“.

Го поддржувала во одлуката за лекување, а неговата болест била тајна сè до само неколку дена пред неговата смрт. Му ветила на самиот почеток дека никој нема да дознае дека има СИДА, додека тој не го посака тоа.

Еве како настанала најдобрата песна на 20-от век: Секој стих крие дел од трагичната судбина на познатиот пејач! (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.