Еве како настанала најдобрата песна на 20-от век: Секој стих крие дел од трагичната судбина на познатиот пејач! (ВИДЕО)

Неверојатно

Нема човек што не ја слушнал оваа песна

Денес станува збор за една од најпознатите песни на 20-от век, која ја обележа не само кариерата на групата „Квин“, туку и цела една генерација. Многумина ја испеале, но никој како Фреди. Најверојатно поради тоа многу луѓе не знаат дека песната всушност не ја напишал тој.

The Show Must Go On („Шоуто мора да продолжи“) е песна на групата „Квин“ од нивниот албум Innuendo од 1991 година.

https://www.instagram.com/p/CCEkpSqsHKZ/

Иако се смета дека ја напишал Фреди Меркјури и дека таа претставува негова проштална песна, тоа е само делумно точно. Всушност, основата ја напишал гитаристот Брајан Меј, инспириран токму од борбата на Меркјури со болеста, од неговата храброст и истрајност последните денови.

Песната што ја отпеал кога никој не верувал дека може

Меркјури боледувал од сида, иако дотогаш тоа не се знаело официјално. Кон средината на 1991 година, тој веќе бил толку болен што едвај одел, па Меј бил загрижен за тоа дали тој ќе биде физички способен да отпее толку тешка песна. Затоа, демо-верзијата ја отпеал токму Меј, иако морал да користи фалсет на одредени, превисоки ноти.

https://www.instagram.com/p/CCG9sl3IwXc/

Меѓутоа, на изненадување на сите членови од бендот, кога дошло време за снимање, Фреди дошол во студиото, испил малку вотка, станал и рекол:  „Има да ја отпеам, душо!“, и тогаш ја отпеал цела песна без грешка од прв обид.

„Почна и растури, потполно го искина тој вокал“, се присетувал Меј подоцна.

Потоа, Фреди Меркјури веќе бил преслаб за да сними спот, па за него не бил правен нов материјал, туку бил составен колаж од спотовите на групата снимени помеѓу 1981 и 1991 година.

Текст полн со алузии

Песната зборува за животот на сцена генерално, за тоа дека сите лични проблеми мора да се остават зад сцената кога се настапува, а текстот е полн со алузии и метафори.

На крајот, текстот зборува за одлучноста и желбата за живот: I have to find the will to carry on with the show (Морам да најдам волја да продолжам со шоуто).

https://www.instagram.com/p/CCIfRf1ImMl/

Џим Хатон, партнерот на Меркјури последните шест години од неговиот живот, еднаш изјавил дека постои стих што најдобро ги опишува последните денови од животот на Фреди.

„Според мене, стихот што е најмногу автобиографски е: My make-up may be flaking but my smile still goes on (‘Шминката можеби ми паѓа, но насмевката никогаш не ми исчезнува’). Токму така и беше. Без оглед на тоа колку му беше лошо на Фреди, тој никогаш не се жалеше ниту бараше некакво сочувство. Таа битка беше само негова и ничија друга, и тој секогаш го покажуваше храброто лице и покрај сè полошата ситуација“, изјавил Џим во интервју од 1994 година.

За жал, Фреди Меркјури не успеал ниту еднаш да ја изведе песната на настап. Починал на 24 ноември 1991 година, кратко по издавањето на албумот. И денес важи за еден од најдобрите пејачи што некогаш живееле!

Еве зошто Фреди Меркјури е еден и единствен: Не само поради талентот и славата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.