Случајно пресекол кошница и го искасале 20.000 пчели: Еве како успеал да го преживее пеколот!

Имал огромна среќа

Еве како момче од Охајо преживеало напад од пчели кои го искасале 20 илјади пати

Остин Белами (20) преживеал вистински пекол кога го искасале пчели. Имено, тој бил убоден 20.000 пати и проголтал околу 30 пчели откако случајно пресекол кошница на дрво.

Младичот се борел за живот откако го нападнал разлутен рој пчели. Остин Белами од Охајо, САД сечел лимоново дрво кога несвесно расекол пчелина кошница, предизвикувајќи илјадници гневни африкански пчели убијци да се ројат околу неговата глава, врат и раменици.

Неговата баба Филис Едвардс и неговиот вујко ужаснато гледало од долу. Едвардс кажала:

„Кога почна да сече, тогаш пчелите излегоа и тој се обиде да се симне од дрвото, но не можеше. Викаше: ‘Помош! Помош! Помош!’“

Таа и вујко му исто така биле нападнати, па не можеле да му помогнат на младичот.

„Сакав да се обидам да се качам на скала за да стигнам до Остин. Видов колку е високо… но не можев да дојдам до него, бидејќи бев опкружена со пчели“, додала таа.

https://twitter.com/FOX19/status/1565039474177986560?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565039474177986560%7Ctwgr%5E6c6f88e5d8455c16399486e422610d1e67bc922a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Flepi-zdravi%2F201163%2Fkako-je-decko-preziveo-napad-pcela

Пожарникарите што присуствувале на ужасот успеале да го симнат Белами од дрвото, а тој потоа бил префрлен во Медицинскиот центар на Универзитетот во Синсинати, каде што бил ставен на респиратор и во медицински предизвикана кома. Во меѓувреме, Едвардс со брза помош била префрлена во локалната болница.

Мајката на Белами, Шона Картер, рекла дека нејзиниот син бил убоден повеќе од 20.000 пати и дека проголтал околу 30 пчели, а додала и дека медицинските работници ги „ишмукале“ инсектите од него. Таа додала дека се онесвестила кога дознала што му се случило на син ѝ.

„Тоа беше премногу за мене“, рекла таа.

За среќа, Белами се разбудил, а лекарите дале сè од себе за да закрепне.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.