Шок-изјава: „Сака да ги убие мојата бремена сопруга и нашето неродено дете“

Однесувањето на брат му во последно време било алармантно

Ник Картер, 39-годишен пејач, попознат како член на популарната група Backstreet Boys, морал да преземе правни мерки за да се заштити од родениот брат.

Имено, неговиот 31-годишен брат Арон Картер братовото барање за заштита го потврди на Твитер:

Чувај се, Ник. Со тебе завршив засекогаш. Те немам видено четири години а и не планирам.“

Ник не одговори на пораките на Арон, туку испрати официјално соопштение до медиумите во кое ги објасни причините за своите постапки.

По длабоко размислување, сестра ми и јас, за жал, бевме принудени да побараме судска заштита. Однесувањето на Арон во последно време е мношне алармантно, откако призна дека планира да ги убие мојата бремена сопруга и нашето неродено дете. Немам избор и ќе ги преземам сите мерки за да се заштитам себе си и неа“, напиша Ник.

За потсетување, Арон Картер ја шокира јавноста со најновото признание дека му се дијагностицирани шизофренија, биполарно нарушување, манична депресија и акутна анксиозност. За време на интервјуто во емисијата The Doctors, тој им покажа на гледачите кеса полна со лекови, кои му се пропишани поради неговата здравствена состојба. Потоа им се обрати и на своите обожаватели со зборовите:

Поздрав, ова е мојата реалност, немам што да кријам“, порача 31-годишниот пејач.

 

 

View this post on Instagram

 

#PYRO 🧨 I am who I am.

A post shared by Aaron Carter (@aaroncarter) on

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.