Кристијано Роналдо ја најави свадбата со Георгина: „Ќе се венчаме, зошто да не, за тоа сонува и мајка ми!“

Ако сонува мајка му, тогаш да не ја разочара!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во емисијата Good Morning, Britain изјави дека еден ден сепак ќе се венча со девојка си Георгина Родригез, со која живее и има заедничко дете.

Славниот фудбалер откри дека таа е љубовта на неговиот живот, а дека венчавката со неа посебно ќе ја направи среќна неговата мајка.

Се разбира дека сум вљубен во неа, а и многу ми помогна во животот. Еден ден сигурно ќе се венчаме. За тоа сонува и мајка ми. Зошто да не? Тоа е прекрасно. Добро се согласуваме. И’ го отворив срцето и таа мене“, искрен беше Роналдо.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.