Шлиц до струкот, гради без градник: Успеала и на 52 години да изгледа неверојатно секси!

Неверојатно

Џенифер Анистон (52) снима нов филм во кој изгледа сензационално

Педесет и двегодишната Џенифер Анистон и Адам Сендлер го снимаат продолжението на Murder Mystery на Хаваите, а за таа пригода Џенифер облекла здолниште со длабок шлиц од предната страна кое ги истакнало нејзините совршено обликувани нозе, а сето тоа го искомбинирала со зелена блуза, под која не носела градник. Летниот изглед го надополнила со шешир и сандали на платформа.

Џенифер со години гордо ја носи титулата за најдобри нозе во Холивуд според топ-листите на многу списанија, а се чини дека и во шестата деценија може да им парира и на двојно помлади колешки. За нејзината фигура заслужни се редовните тренинзи и здравата исхрана, но и генетиката.

Актерката е заговорничка на автофагија, па често има наведувано дека појадува дури околу пладне, а пред тоа пие само кафе и сок. Исто така, многу сака да шета, редовно тренира и внимава на изгледот на кожата.

Обожава да медитира и редовно води дневник.

Очигледно е дека работата на себе најмногу се исплати!

Веќе 30 години ова е формулата на совршениот изглед на црвениот килим на Џенифер Анистон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.