Шегата скапо ја чинела: Вака гласел вицот за Тито поради кој 22-годишна новинарка завршила на Голи Оток!

Страшна приказна

Поради една шега, Жени Лебл, поминала низ вистински пекол

За Јосип Броз се пишувале многу песни, а една од најпознатите, „Друже Тито, темјанушке бела“, ја чинела младата новинарка Жени Лебл две и пол години робија на Голи Оток, каде што завршила кога имала само 22 години.

Во тоа време, не се знаело многу за Жени, белграѓанка со еврејско потекло, ниту смеело да се пишува за страшниот период што го поминала на Голи Оток. Во 2013 година бил објавен еден текст за неа од страна на „Политика“, весникот за којшто работела додела не ја уапсиле поради вицот за Јосип Броз Тито што едно утро го раскажала во редакција.

Колегата еднаш ѝ кажа шега за тоа дека Југославија победила на Меѓународниот натпревар во цвеќиња бидејќи одгледувала темјанушка од 100 килограми, алудирајќи на песната ‘друже Тито, темјанушке бела, тебе те сака младината цела’. Откако таа го прераскажа вицот во редакција, по Жени Лебл дојдоа два полицајци, затоа што зборувала против Тито и не го пријавила народниот непријател од кого го слушнала спорниот виц.“

Оттаму ја однеле во затвор, потоа во логорот Рамски рит, па во Забел, Гргур и Голи Оток. Во петте затвора, каде што била од април 1949 до октомври 1951 година, од неа барале да го промени мислењето и да ја признае вината. Потоа била отпишана од Здружението на новинари.

По распадот на Југославија, Жени објавила книга што ја насловила „Темјанушке бела“, а која во Израел, каде што и живеела до нејзината смрт во 2009 година, станала бестселер. Во неа ги опишала морничавите искуства од логорот, а многумина дотогаш не ни знаеле дека таму имало и жени.

Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило.

Девојките стануваа старици, им паѓаа забите, се разболуваа, додека им пристигнуваа вести дека од нив се откажале децата, мајките и сопрузите и сега станале народни непријатели“, напишала таа.

Најтажната песна што Тито ја забранил, бидејќи многумина ги поттикнала на самоубиство! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.