Диетата со зелка веќе 2 децении е апсолутен хит во светот: За 7 дена може да стопи и до 5 кг! (МЕНИ)

Доведете ја линијата до совршенство оваа есен

ФОТО: Getty images

Ако сакате брзо да ги симнете вишокот килограми, оваа диета е вистинскиот избор

Диетата со зелка спаѓа во здравите режими на исхрана, со низок удел на масти и калории, а овозможува симнување и до 5 кг за 7 дена. Оние што се придржувале до овој режим на исхрана, велат дека дава одлични резултати, па не е ни чудно што веќе 2 децении е хит во целиот свет.

Најважниот оброк во текот на денот е нискокалорична чорба од зелка, која поттикнува брзо согорување на маснотии.

Додека се придржувате до оваа диета, дозволено е да јадете и друга храна со помалку калории, додека треба да го исфрлите шеќерот и храната како печен компир, банана и слично првите три дена.

Па така, главниот оброк е супа од зелка и се приготвува на следниов начин:

Иситнете го зеленчукот, односно исечкајте морков, зелена пиперка, кромид, домат, печурки, зелка и целер на коцки.

Во тенџере ставете кромид и малку масло и динстајте неколку минути. Потоа, додајте го сечканиот зеленчук.

Додајте 6-7 шолји вода во садот и оставете ја да зоврие. Намалете ја температурата на средна и оставете го зеленчукот да се вари. Гответе додека зеленчукот стане мек, 30-45 минути. Можете да додадете сол и бибер по желба.

Вака изгледа планот за исхрана за 7 дена:

Прв ден

Супа од зелка и овошје по избор, единствено не се дозволени банани. Пијте многу течности, а се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.

Втор ден

Супа и зеленчук, количината не е ограничена, важно е да не чувствувате глад. Јадете зелен зеленчук, а одбегнувајте пченка, грашок и други мешунки. За вечера можете да испечете компир. Овој ден забрането е да јадете овошје.

Трет ден

Со супата од зелка можете да комбинирате овошје и зеленчук по избор, но не и намирници што содржат многу јаглехидрати, на пример компир.

Четврти ден

Освен чорба од зелка, можете да изедете најмногу четири банани и да консумирате немасно млеко во неограничени количини.

Петти ден

Супата од зелка е задолжителна, а дозволен е и еден оброк од 300-500 г немасно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимум шест домати). Во текот на денот треба да испиете од 1,5 до 2 литри вода, што ќе го подобри исфрлањето на вишокот киселина од организмот.

Шести ден

Барем една порција супа од зелка, немасно пилешко или говедско месо и многу зеленчук. Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.

Седми ден

И последниот ден од диетата, супата од зелка е задолжителна, а гладот можете да го намалите и со порции интегрален ориз и зеленчук. Дозволено е да пиете незасладен овошен сок.

Напомена: Се препорачува оваа диета да се држи 7 дена, по што треба да се направи пауза од минимум 2 дена.

Оваа диета веројатно никогаш не ви паднала напамет, а симнува килограми како од шега
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.