Шакира одлучи да оди на суд: Верувам во својата невиност!

Шоубизнис

Латинската дива Шакира одлучи да оди на судење наместо да го прифати договорот за признавање вина што го понудија шпанските обвинители за да се решат обвиненијата дека ја измамила шпанската влада од 14,5 милиони евра за даночно затајување.

Шакира „верува во нејзината невиност и одлучи да го остави прашањето на законот“, се вели во соопштението на нејзиниот тим за односи со јавноста.

Во 2018 година, шпанското обвинителство ја обвини пејачката дека не платила 14,5 милиони евра данок на приход остварен во периодот од 2012 до 2014 година. Пејачката се соочува со можна парична и затворска казна, доколку биде прогласена за виновна за затајување данок.

Не беа достапни детали за јавноста за договорот што обвинителите и го понудија на колумбиската славна личност, а не е одреден ни датум за судење.

Фирмата на Шакира за односи со јавноста соопшти дека го подмирила износот што наводно го должи на шпанската даночна агенција и дека нема неподмирени даночни долгови.

Случајот всушност зависи од тоа каде живеела пејачката во споменатиот двегодишен период, пишува „Хафингтон пост“. Обвинителите велат дека тоа било главно во Шпанија, иако официјалната резиденција на Шакира била на Бахамите.

Да потсетиме, Шакира живееше во Барселона со невенчаниот сопруг Жерар Пике, познатиот голман, но парот неодамна стави точка на 11-годишната врска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.