Избелете ги забите на природен начин: Ви треба само една состојка

Рецепт

Хигиената на усната шуплина, како и самите заби е многу важна за општото здравје.

За некои посложени проблеми се непцата и забите, секако треба да се консултирате со стоматолог. Меѓутоа, ви откриваме како да ги отстраните кафените или жолтите наслаги на забите и тоа во домашни услови.

Забниот камен е чест проблем, и современата стоматологија предлага многу начини за неговото отстранување. Но, постои метод со кој одлично се решава овој проблем, а заштедувате и пари.

Она што ни е потребно за оваа постапка е:

40 гр лушпи од ореви

250 мл вода

Подготовка:

Сварете ја лушпата во вода околу 20 минути. Тргнете го тенџерето од рерна и поклопете го. Натопете ја четката за заби во овој раствор на десет минути. Потоа, темелно исчистете ги забите, па повремено ставете ја четката повторно во растворот. Оваа процедура можете да ја повторите и до три пати дневно.

Подготвениот раствор можете да го користите два дена, па потоа направете нов. Веќе некое време резултатот ќе биде видлив, а вие ќе бидете воодушевени.

Лушпата од оревот е моќно антибактериско средство, која исто така помага во чистење на забите од непријатни наслаги. Оваа процедура е корисна и за оние кои патат од крварење на непцата. Со повторување на процесот воспалението ќе исчезне за рекордно време.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.