Разочарување за девојките: Бред Пит има нова девојка!

Познати

Бред Пит има нова девојка, шест години како што се разведе од Анџелина Џоли и три години откако беше објавено дека е сингл.

За новата врска на Бред Пит пишуваат бројни портали, меѓу кои и „Дејли мејл“ и „Пипл“.

„Тој излегува со една жена, но не е во сериозна врска“, изјави извор за американскиот магазин „Пипл“.

Познатиот актер Бред Пит (58), кој беше во брак со Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, а се вери со Гвинет Палтроу, наводно имал романса со 29-годишната Полјачка Никол Потуралски, за која се зборуваше дека многу личи на Ања.

Постоеја шпекулации кога станува збор за љубовниот живот на актерот, но официјално е дека Пит беше слободен три години. Оваа вест доаѓа во време на жестока битка за старателство над децата што ги има со Анџелина Џоли.

Од друга страна, оваа вест доаѓа додека филмот на Дејвид Лич “Bullet Train”, во кој Пит ја игра главната улога, се промовира низ светот.

„Тој го живее најдобриот живот под овие околности“, додава изворот.

Како што пишува „Пипл“, најважно му е времето кое го поминува со децата. Редовно оди на вечера со најмладите наследнички додека се во Лос Анџелес, а постарите деца го живеат животот независно.

Се чекаат нови детали за неговата нова љубов, а неговиот сјаен стил на облекување не престанува да се коментира.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.