Јадете 5 ореви дневно и здравјето ќе ви биде благодарно

Здравје

Доколку внесувате ореви во секојдневната исхрана, сигурно нема да зажалите.

Оревите на многумина се омилен додаток во колачите и тортите, меѓутоа би требало да се јадат и самостојно. Постојат многу причини зошто би требало да ги вклучите во исхраната.

Количината која би требало да ја внесувате е незабележлива, а ефектот врз целокупното здравје ќе биде неверојатен. Вклучувајте 5 ореви дневно во секојдневната исхрана и ќе дојдете до овие здравствени предности:

  • Намалување на големината на струкот за повеќе сантиметри
  • Зголемен број на сперматозоиди кај мажите
  • Намален ризик од дијабетес
  • Превенција од карцином
  • ги намалуваат шансите за развој на срцеви заболувања
  • го поддржува здравјето на мозокот
  • намалување на холестеролот
  • зајакнување на косата, кожата и ноктите.

Оревите се толку добри за вашиот организам да ефектот од консумирањето може да се препознае само после 4 часа од внесувањето. Што се случува со вашето тело после 4 часа како што сте изеле 5 ореви?

Оревите во тој период го снабдуваат телото со хранливи материи и витамини, така го снабдуваат телото со гориво до следниот оброк. Оревите се познати како стабилизатори на стресот, пренесува Magazin.ba.

Антиоксидансите во оревите го зајакнуваат срцето и се борат против слободните радикали кои се познати за предизвикување болести на срцето. Омега 3 масните киселини го намалуваат чувството на депресија и симптомите ADHD.

Органите почнуваат да работат поефикасно, го спречуваат затнувањето на артериите и други негативни ефекти врз здравјето. Ако се консумира во умерени количини, нема да предизвика здебелување, но наместо тоа, ќе го поддржи здравјето, ќе ја регулира тежината и струкот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.