Северина Којиќ е позитивна на корона: Се заразила од близок, а еве каква е состојбата со нејзиниот син
Тоа лице вчера добило позитивен тест
Северина Којиќ е позитивна на коронавирусот, како што самата објави на Инстаграм
Иако немам симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на ковид-19, додека тестот на мојот син е негативен“, истакна пејачката, и додаде: „Веднаш по контактот со епидемиологот, ги презедов сите мерки, потоа го известив таткото на детето и во договор со него му го предадов два дена пред одредениот термин, за да ја помине самоизолацијата со него, без разлика што тестот му е негативен.“
Згодната пејачка истакна дека нема симптоми…
За да ја заштитиме заедно приватноста и да избегнеме стигматизација на детето, го замолив таткото на детето за дискреција. Меѓутоа, 20 минути откако го презеде детето, во српските медиуми се поајви веста дека сум заразена ‘лумпувајќи низ Далмација со детето’“, вели Северина, и додава:
Значи, јас имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, веројатно по враќањето во Загреб, а не за време на летувањето во Далмација. Земајќи предвид дека тоа лице вчера доби позитивен тест, син ми и јас веднаш отидовме да се тестираме повторно бидејќи првиот тест излезе негативен“, раскажува Северина на Инстаграм.
Фото: Инстаграм, Јелена Балиќ