Сестрата на исчезнатата Маријана Сеиферт тврди: Зетот неколку пати ја менувал изјавата во полиција, многу нешта се чудни…

Шокантно!

Сестрата на победничката на „Големиот брат“ мисли дека нејзината сестра не е жива.

Маријана Сеиферт ја нема од крајот на април. Нејзината сестра Маја Ковачевиќ сега изјави дека не се откажува од вистината.

Во ноќта кога Маријана веројатно умираше, сонував како се збогуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот телефон и ѝ се јавив на сестра ми со која се немав слушнато еден месец. Не одговори, а јас веќе имав чудно чувство“ – изјави Маја за „Слободна Далмација“.

Maja Kovačević

За жал, мислам дека веќе не е жива. Чувствувам дека ја нема. Сакаме само конечно да ја дознаеме вистината и да можеме достоинствено да се збогуваме со неа“ – вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

Нашата потрага по вистината продолжува секој ден, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Има многу чудни случки ноќта кога исчезна. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати ја менувал изјавата во полиција, не сакам да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случило во станот, бидејќи убедена сум дека меѓу нив имало расправија. Сето тоа ми е многу чудно и додека не ја дознаам вистината не можам да стапам во контакт со него, тешко ми е затоа што знам дека нема да можам да го видам внук ми, но стојам на своето“ – додава таа.

Маријана исчезна во ноќта меѓу 26 и 27 април годинава откако го напуштила станот во Загреб, каде што живеела со сопругот Карло Сеиферт. Во моментот на исчезнувањето, таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, соопшти загрепската полиција.

Утрото подоцна, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а Маријана наводно ноќта на исчезнувањето ја снимиле камерите како излегува од зградата во која живеела со Карло и нивниот син.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.