Ѝ се урна сонот за среќен и безгрижен живот: Брена кроела планови за големо семејство со друг маж

Фото: Рајко Ристиќ

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се еден од најхармоничните парови на јавната сцена, а нивната љубов трае веќе три децении.

Брена и Боба важеа за еден од омилените парови, а нивната венчавка беше гламурозна. Тие се венчаа на 7 декември 1991 година во поранешниот хотел „Интерконтинентал“, а на венчавката присуствуваа 500 гости.

Оваа свадба е специфична по многу аспекти. Кумови беа Борис Бекер и Џон Циријака, а младенците од нив добија скап „мерцедес“, а интересен детаѝ е што Драгана Мирковиќ на оваа свадба го фати бидермаерот.

Оваа прослава ќе остане запаметена и по 650-те различни видови храна и петкатната свадбена торта со рекет за сервирање и грамофонски плочи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Убавата пејачка носеше венчаница од „Диор“, која беше специјално дизајнирана за неа, а нивната венчавка ја пренесуваше „Дневник 2“. Се зборуваше дека на нивната домашна адреса пристигнале преку 4.000 писма, а некои дури рекоа дека само една уметничка слика што ја добиле Брена и Боба чинела дури половина од свадбените веселби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LEPA BRENA (@lepabrenadiva)

Пред нивната венчавка, Лепа Брена беше во врска со Мирко Крлиќ, а оваа вест особено ги радуваше жителите на Зрењанин, бидејќи токму во овој град започна нејзината љубовна приказна. Зрењанци беа убедени дека поп-пејачката еден ден ќе им стане снаа затоа што нејзината романса со нивниот сограѓанин и диџеј Крлиќ никому не му изгледаше на несериозна и минлива врска.

Таа врска траеше долго, а самата Брена во едно интервју изјави дека тој е момчето што искрено го сака.

Мирко беше уредник и водител на ТВ-емисии со политичка и општествена содржина, главен и одговорен уредник на весникот „Зрењанин“. Работеше и како ПР-менаџер на „Југоремедија“ и маркетинг-директор во „Серво Михаљ турист“, а вака зборуваше за љубовта со Брена.

Точно е дека Лепа Брена ми беше девојка долго време и дека се сакавме. Но тоа е минато и сега сме само добри пријатели. За тоа што зборува зрењанинската чаршија, дека требало да се омажи со мене и дека, демек, се’ било договорено, можам да кажам дека е нечија имагинација и добра желба…

Можам да кажам дека, по нашето забавување, Брена ми беше и остана голема пријателка. И да ви кажам искрено, воопшто не се изненадив кога беше објавено дека се мажи. Затоа што одамна знаев за таа нејзина желба. Додека бевме заедно, често ми велеше: ‘Мирко, мојата најголема желба е да основам сопствено семејство’. Постојано ме прогонува помислата дека славата еден ден ќе помине и јас ќе останам сама…’ Никогаш не можеше да се ослободи од тој страв, особено бидејќи постојано беше одвоена од родителите, кои живеат во Брчко“ – Крлиќ беше искрен во тоа време во отвореното интервју за „Сабор“, пренесува Информер.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.