Има 57 години, седа коса, а сега се соблекла и во костим за капење: Таа е единствената жена во Холивуд што изгледа нормално!

Модна икона и точка!

Сара Џесика Паркер е икона на стилот и точка. Може да има 30 или 80 години, но тоа е вистината

Популарната Кери од култната серија „Сексот и градот“ привлекува внимание каде и да се појави, па ни овој пат изгледот на Сара Џесика Паркер не можел да помине незабележано.

Имено, американската актерка, продуцентка и дизајнерка на обувки, била фотографирана на популарното приморско летувалиште Хемптонс во близина на Њујорк, додека се опуштала на плажа со добра книга и во друштво на сопругот.

Се појавила на плажа без грам шминка и со лабава пунџа на главата, со сед израсток и едноставен костим за капење во црна боја.

Сара во едноделниот костим за капење изгледала како повеќето жени, па на прв поглед веројатно не би ја ни препознале. Преку костимот наметнала туника во бохо-стил, плетена торба за на плажа и уживала во сончањето и одморот.

Жената од која секогаш се очекува да биде кралица на стилот покажала дека и тоа како е горда на своите години и дека конечно сака да се опушти во животот, а како што самата изјавила за „Алур“, не разбира зошто луѓето трошат толку време размислувајќи за нејзината коса и изглед:

„Навистина не размислувам за тоа. Другите луѓе повеќе размислуваат за моите години од мене. Кога ќе излезам надвор, сакам да се чувствувам добро – според мои стандарди и само тоа ми е важно… Едноставно не се грижам за мислењето на другите“, рекла Сара.

Бајковит фустан во стилот на старите холивудски диви: Сара Џесика Паркер овој пат ја надминала и Кери Бредшо!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.