Сега е појасно: Цеца откри дека претпочита помлади мажи

Младото пилешко се лепи за прстите

Откако Цеца Ражнатовиќ (47) ја обелодени врската со 9 години помладиот менаџер Богдан Срејовиќ (38), приватниот живот на популарната пејачка повторно се најде во фокусот на интересот на јавноста и на медиумите.

И покрај тоа што настојува љубовниот живот да го крие како „змија нозете“, новинарите не престануваат да го следат секој нејзин чекор, посебно бидејќи ова е втора јавна врска на пејачката по смртта на сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој беше убиен во јануари 2000-та година.

Имено, во 2010 година тогаш 36-годишната пејачка заплови во љубовна врска со 33-годиниот манекен Владимир Цветковиќ Цвеле, со кој се забавуваше неколку месеци.

Е сега, бидејќи и Богдан и Владимир се помлади од неа, новинарите ги интересираше дали дефинитивно претпочита помлади мажи, што не беше случај во минатото, бидејќи нејзиниот покоен сопруг Аркан беше постар од неа дури 22 години.

Никогаш не сакав да зборувам за мојот емотивен живот и секогаш се обидував да ја задржам таа страна на мојот живот за себе. Со текот на годините, вашите ставови за светот се менуваат, а исто така се менува и изборот на партнер“, Цеца ја започна приказната во емисијата „Магазин ин“.

Кога си девојка, бараш посериозен и позрел маж. Ти се чини дека си повеќе сакана и заштитена покрај таквите мажи… И кога ќе созрееш како жена, бегаш од сопствените проблеми и не ти се потребни и неговите неговите. Потребно ти е нешто што ќе те релаксира, тоа значи помлад маж“, објасни Ражнатовиќ.

Фото: Инстаграм, приватна архива

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.