Шарлиз Терон ги воодушевила модните критичари: Во овој крој на фустан секоја жена изгледа послабо!

Полн погодок

Актерката уште еднаш одржала модна лекција

Шарлиз Терон сите ги воодушевила со својата модна комбинација. Таа била фотографирана на улиците во Лос Анџелес и покажала како треба да биде облечена добро стилизираната жена.

Токму овој фустан ќе биде водечкиот пролетен тренд, велат модните експерти. Поради кројот, во него сечија фигура изгледа повито, а идеална е за оние дами кои сакаат да ги сокријат вишокот килограми на стомакот.

Вреди да се инвестира во овој фустан, бидејќи може да се носи и во лежерни и во посвечени пригоди. Во зависност од обувките и модните додатоци, лесно се приспособува на секоја пригода.

На располагање ќе имаме голем избор на бои, а модните експерти велат дека најмодерни ќе бидат розовата, сината и црвената боја.

Кога е модата во прашање, оваа жена никогаш не греши: 6 модни заповеди на Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.