Сè поголем хаос: Ана бара пари од родителите на Раста!

Многу му е лута на бившиот

Откако во почеток на октомври Стефан Ѓуриќ Раста е уапсен поради поседување поголемо количество опијати, хаосот не стивнува. Од една страна, Ана Николиќ, неговата бивша сопруга со која ја има 3-годишната ќерка Тара, му е многу лута, а од друга страна семејството на раперот се најде на столбот на срамот поради неговото апсење.

Родителите, посебно мајката, која работи како редовен професор на Факултетот за безбедност, сè уште е во шок поради синот.

Ана збесна. Тие се на релација топло-ладно, но настојуваат поради ќеркичката да бидат во коректни односи. Рече дека не може да поверува дека ‘индијанецот’ паднал на толку глупав начин. Сите знаат дека тој консумира марихуана, тоа повеќе пати можеше да се види на неговите клипови од настапите, но не очекуваше поради тоа да заврши во затвор. Вели, среќа што Тара е мала и што не оди во училиште, во спротивно врсницитеби ја задевале дека татко ѝ е наркоман и затвореник. Таа се надева дека, и покрај лошата ситуација, некој од неговото семејство ќе продолжи да ја исплаќа алиментацијата за Тара“, открива извор близок на поп-пејачката.

 

View this post on Instagram

 

Volim i ovu terasu…🤣🤣🤣🤣🤣

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on

Инаку, Ана го посети Раста во Централниот затвор, но средбата преку стаклото заврши со расправија и со навреди што доаѓаа од двете страни, па стражарите ја прекинале посетата, Меѓутоа, пејачката ги демантираше овие наводи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.