Роналдо, Бејл, Меси, Ибрахимовиќ имаат заедничка црта: Сите трошат за ОВА!

Секоја чест

Фудбалерите, освен многу пари, имаат и големо срце.

Најплатен фудбалер во светот е Кристијано Роналдо кој заработува 31 милион евра по сезона, а потоа доаѓа Герет Бејл, па Лионел Меси, а потоа Златан Ибрахимовиќ со 7 милиони евра по сезона.

Сега се поставува прашањето: кога имаш толку многу пари, како ги трошиш?

Вили, автомобили и луксузна роба

Излегува дека фудбалерите сакаат куќи. Додека Нејмар Јуниор поседува куќа во близина на Версајската палата, Давид де Хеа купи вила во Шпанија.

Покрај луксузните куќи, фудбалерите сакаат и луксузни автомобили. Така Мануел Ноер си купил автомобил кој чини над 101 илјада фунти, додека Марио Балотели вози автомобил вреден околу 172.019 фунти.

Богатството се троши и на накит, брендирана облека, а најмногу на луксузни часовници кои чинат цело богатство.

Се вели дека Златан Ибрахимовиќ црквата во Стокхолм ја нарекува свој имот. Тој има план една зграда да ја претвори во станови и со тоа да инвестира во својот пензиски фонд.

Се зборува дека фудбалерот Дидие Дрогба купил злато од 52.343.530 фунти во обид паметно да ги вложи своите пари.

Вејн Руни сака тркачки коњи и на својата сопруга и` подарил коњ од 103.187 фунти.

Но, не сите фудбалери мислат само на себе. Има и такви кои даваат големо богатство во добротворни цели. Еден од нив е Филфрид Заха кој донирал 10% од својата месечна заработка во добротворни цели.

Тој од првата заработена плата како професионален фудбалер почна да донира. Најголем дел од неговите донации одат во сиропиталишта.

И Кристијано Роналдо не е себичен. Напротив, тој важи за еден од најдобротворните фудбалери, а тоа оди во прилог и со неговата голема донација од 89.000 фунти во 2013 година, која ја донираше за Црвениот крст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Во 2014 година кога неговиот тим ја освои Лигата на шампионите, Роналдо доби бонус од 450.000 фунти кои фудбалерот ги даде директно во добротворни цели.

Кога Индонезија ја погоди разорен земјотрес, Кристијано Роналдо реши лично да оди таму и да им помогне на луѓето бидејќи на вестите видел несреќно момче како седи среде урнатините, облечено во дрес на Кристијано Роналдо.

Има и приказна за едно момче кое се бореше со карцином во 2009 година. Роналдо го сместил семејството во хотел, а лекувањето на детето го платил во приватен медицински центар една година. Момчето за жал почина во 2013 година.

Мохамед Салах е египетски професионален фудбалер кој е познат по тоа што има основано фондација која финансиски помогнала на околу 450 семејства.

Кога египетската економија минуваше низ тежок период, Мохамед донирал 234.000 фунти на владата. По терористичкиот напад во Каиро во 2019 година, во кој беше страдаше Националниот институт за карцином, Мохамед донирал 2,5 милиони фунти од свој џеб за поправка на Институтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah)

Се чини дека зад раскошните животи на познатите фудбалери се крие и топлото срце.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.