ПОДАРОК од „Еурофарм“ за бујна и здрава коса: Triple Eight Caffeine Shampoo

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Еурофарм“ порадува шампон на база на кофеински комплекс Triple Eight Caffeine Shampoo.

Triple Eight Caffeine Shampoo е нов шампон на база на активен кофеински комплекс, кој ја стимулира активноста на коренот на влакната на косата и ја продолжува фазата на раст на влакното подолго одошто е тоа генетски предвидено.

Со тоа Triple Eight Caffeine Shampoo го спречува предвременото губење на косата, ја зголемува продуктивноста на фоликулите на влакната и го забрзува растот на косата.

Иновативната галенска формулација на кофеинот во шампонот Triple Eight Caffeine Shampoo дава значително подобар и побрз ефект, во споредба со другите кофеински шампони.

Кофеинот, како високоефикасна супстанција, е во состојба да го неутрализира несаканиот ефект на тестостеронот, супстанција одговорна за престанок на активноста на фоликулите на влакната од косата.

Соодветните производи (шампони и лосиони), што содржат кофеин, претставуваат единствени препарати, соодветни за долготраен терапевтски или профилактички третман кај лица каде што е започнато или е изразено опаѓањето на косата.

Активните супстанции во Triple Eight Caffeine Shampoo се присутни точно онаму каде што е потребно, дејствуваат насочено, директно во коренот на влакното, дополнително ја хранат и ја хидрираат косата (присутниот кератин, ќе го зајакне влакното, внатрешно ќе го нахрани, нема да дозволи распукнување на врвовите – цветање на косата, а притоа косата лесно ќе се расчешлува).

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.