Раде Шербеџија бил луд по оваа жена: Признал дека е виновен за крајот на бракот, а сега конечно можеме да видиме како изгледала (ФОТО)

Шоубизнис

Иако љубовта била вистинска, еден без друг не ја дочекаа староста.

Првата жена на Раде Шербеџија влезе во неговиот живот кога беше многу млад. Му подари две деца и беше неговата голема љубов, но сепак, едно никогаш не му опрости.

Кога имаше 23 години, Раде Шербеџија ги кршеше срцата на припадничките на поубавиот пол, кога стоеше на „лудиот камен“.

Првата жена на Раде Шербеџија беше Иванка Церовац, неговата врсничка, која од љубов кон него секогаш го викаше Балерин.

Иванка во 1969 годин завршила Школо за ритам и танц, а Раде завршил академија. Полудени од љубов се ветија на венчање, а еден во друг видоа сродна душа. Иако љубовта била вистинска, еден покрај друг не ја дочекаа староста.

Во 1971 година им се роди синот Данило, а две години подоцна се роди и малата Луција. Меѓутоа, како што растеше славата на актерот, така брачната идила почнала да се нарушува.

Иако бракот се распаднал во 1987 година, Раде никогаш не криеше дека Иванка била неговата голема љубов. Како вистински џентлмен во својата песна и стиховите ја призна својата вина за крајот на бракот.

„Искра или Олимпија, така некако се викаше и уредно и вредно переше, па веќе кај моите први ситни неверства почна да се расипува..“, напиша Раде.

Тоа дека првата жена на Раде Шербеџија беше неговата голема љубов сведочи и фактот дека не сакал да ја изгуби од животот и дека се до нејзината смрт во 2010 година негувал пријателски однос.

Својата емотивна среќа актерот ја најде покрај својата сегашна сопруга, Ленка Удовачки со која има три мали деца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.