Мила Кунис: Новите генерации на деца прават разлика во светот (ВИДЕО)

Шоубизнис

Актерката зборува за начинот на кој се променило образованието на подобро.

Мила Кунис (39) која е во брак со Ештон Кучер доби две деца Елвир и Марко. Тие се често мета на коментари кога се во прашање нивните изјави во однос на стилот на родителството, како и одржувањето на личната хигиена.

Неодамно убавата актерка се сврте на образовниот систем во Америка и го спореди со времето кога таа била во училиште. Во таа прилика, Кунис изјави:

„Мојата верзија на образование беше: памти, памти, памти, тест, тест, тест. Денешните деца во училиште го учат концептот да поставуваат прашања, да бидат љубопитни. Повеќето училишта, мислам дека го учат концептот на поставувања прашања и ги поттикнуваат децата да размислуваат и да решаваат проблеми. Не на начин да постои добар или лош начин ,туку да се развие начинот на размислување. Се во однос на решавање на проблеми. Се се сведува на тоа на кои различни начини може да се реши проблемот. И мислам дека таа генерација на мали мислители прави голема промена во светот“, заклучува таа за “People”.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.