Принц Вилијам е загрижен за Кејт Мидлтон: Драстично пропаѓа, секој ден е послаба

Не изгледа толку добро

Војвотката од Кембриџ се истоштува со напорна работа и сè почесто прескокнува оброци

Кејт Мидлтон драстично пропаѓа, секој ден е послаба, а нејзиниот сопруг принцот Вилијам е многу загрижен за неа.

Според нивните блиски луѓе, војводата од Кембриџ (37) очајно ја моли сопругата да се здебели малку.

Таа се истоштува со напорна работа и често прескокнува оброци“, изјавил добро информиран извор.

„Колку и да се труди да не ја вознемирува, Вилијам, сепак, се обидува да ѝ укаже на оваа лоша навика, особено сега кога се обидуваат да добијат уште едно дете во 2020 година.“

Според британските медиуми, идните крал и кралица на Англија ќе имаат уште повеќе одговорности во однос на претставувањето на Бакингемската палата, особено сега кога принц Хари и Меган Маркл не се веќе дел од кралското семејство.

Кејт ќе има уште повеќе обврски од оној момент кога кралицата уште повеќе ќе се потпре на нив“, рекол изворот, забележувајќи дека тежината на Кејт е тема која со години се наметнува сама.

„Вистина е дека Кејт мора да се здебели најмалку пет килограми, или седум. Така што, Вилијам има право што се грижи“, соопштил изворот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.