Ѕвездите одредуваат каква мајка ќе им бидете на вашите деца

Еве што вели астрологијата

Астролозите велат дека во зависност од тоа на кој хороскопски знак му припаѓате може да увидите каква мајка сте или ќе бидете во иднина.

Па така, на пример, ако сте родени во знакот на Рак, веројатно сте премногу заштитинички настроена мајка кон вашите деца. Ако сте во знакот Риби, тогаш сте уметнички тип, кој често доколку се појави проблем во комуникацијата со детето остава друг да го реши проблемот наместо вас. Ако сте пак, родени во знакот на Бик, атсролозите велат дека сте премногу амбициозна и многу барате од вашите деца.

Од друга страна, пак, мајките што им припаѓаат на земјените знаци (Бик, Девица и Јарец) се многу конкретни,  реални и способни за управување со семејниот живот и со задачите на своите деца. Најчесто се доста амбициозни, па многу бараат од своите деца кога е во прашање образованието, а знаат да бидат и строги.

Мајките родени во некој од воздушните знаци на Зодијакот – Водолија, Терезија и Близнаци –  обично се слободни и ментално отворени. Забавни се, речиси и не се лутат и не ги караат своите деца, кон кои се пријателски расположени. Настојуваат своите деца да ги научат да бидат независни личности и да размислуваат со сопствена глава, а не да им носатпетки дома.

Мајките родени во огнените знаци – Лав, Стрелец и Овен – се импулсивни и многу дарежливи, позитивни и енергични. Затоа, и од своите деца бараат брзина, енергичност и исполнителност, а акцентот на образованието го ставаат на учење странски јазици, но и спортување. Знаат да го подигнат гласот, но брзо ги простуваат детските грешки.

Мајките родени во водените знаци – Риби, Скорпија и Рак – се исклучително чувствителни, непостојани и склони да ја изразуваат својата креативност врз своите деца, насочувајќи ги и нив кон уметничките вештини. Ретко се лутат, но знаат да се повлечат и проблемот да му го препуштата на некој друг член во семејството. Важат за „најтоплите“ мајки во Зодијакот.

Фото: Pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.