Пред да го запознае Роналдо, работела како продавачка: Фотографиите на Георгина од тој период се доказ за моќта на парите

Голема разлика

Георгина Родригез пред врската со Кристијано Роналдо имала потполно поинаков живот, а и изгледала поинаку

Во последно време многу се зборува за физичкиот изглед на Георгина Родригез, сопругата на фудбалерот Кристијано Роналдо.

Откако беше објавен нејзиниот документарец I Am Georgina, во кој зборува за своето семејство, за младоста, за моменталниот живот и, секако, за врската со Роналдо, гледачите се заинтересираа за нејзиниот живот пред гламурот и бајката што моментално ја живее.

Својот принц на бел коњ, Роналдо, го запознала во 2016 година во дизајнерската продавница „Гучи“ во Мадрид, каде што работела како продавачка.

„Кога излегов од продавницата, видов дека се појавува многу згоден маж, висок речиси два метра, беше со момче и со неколку пријатели, а јас стоев замрзната“, рекла Георгина.

Сепак, по неколку недели, на нејзините шефови не им се допаѓало вниманието што почнала да го добива. Така Георгина на работа доаѓала со автобус, а дома си одела во скапоцено Бугати. Кога обожавателите на Роналдо дознале каде можат да го сретнат, ја окупирале продавницата и со часови стоеле на влезот, па шефовите сфатиле дека метежот би можел да ги избрка нивните богати купувачи и ѝ дале отказ.

Добро информирани извори тврдат дека тоа многу ја здоболело Георгина, која оттогаш се фали со луксузниот живот и му докажа на поранешниот работодавец дека сега е дел од таа елита.

А сега во јавност се појавиле фотографии на кои може да видиме како изгледала Георгина додека работела за споменатиот бренд. Па така, на секоја фотографија можеме да ја видиме во бела кошула и црни деловни панталони, а тешко е да не се забележи и дека многу се сменила оттогаш.

„Како девојче бев грдото пајче и се претворив во лебед. Никој не ми велеше дека сум убава кога бев мала. Комплексите се бескорисни. Се сакам себеси таква каква што сум, со сите несовршености. Никој не е совршен, но затоа сме уникатни“, рекла еднаш Георгина која никогаш нема проговорено јавно за своите операции.

Иако не може да се оспори дека оваа Аргентинка е и природно убава, сепак се гледа дека не е за сè заслужна мајката природа. Ако ги погледнеме старите фотографии од почетокот на врската со Роналдо и ги споредиме со тие денес, јасно е дека Георгина од обична девојка што не се средувала многу, се претворила во дива која изгледот го довела речиси до совршенство.

Од асистентка за продажба во продавница на „Гучи“ до најубавата жена на светот за Кристиано Роналдо: Како се запознале Георгина и славниот фудбалер
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.