Вртоглави суми за Нова година: Пејачите ги закажаа настапите, а оваа пејачка ќе заработи 100.000 евра за една вечер! (ФОТО)

Лудило...

Се ближи најлудата ноќ во годината, а пејачите од српската естрада веќе почнаа да ги закажуваат своите настапи.

Цифрите кои пејачите ќе ги добијат за само една вечер се колку неколку годишни плати на обичен човек.

Дино Мерлин ќе настапи во хотел во Дуборвник и за да присуствувате на неговиот концерт ќе треба да дадете помеѓу 975 евра и 2.987 евра.

Фото: ПР – bljesak.info

Здравко Чолиќ ќе настапи на плоштадот во црногорскиот град Котор, а Северина ќе пее на градскиот плоштад во својот роден Сплит.

На Јадранскиот брег за Нова година ќе пее и Џејла Рамовиќ. Таа ќе ги забавува гостите во Порто Монтенегро. Цената за влезница на оваа прослава ќе изнесува 220 евра.

Лепа Брена најавува магичен дочек за Нова година во популарен ресторан. Според информациите, нејзиниот хонорар ќе изнесува дури 100.000 евра.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.