Празници се ближат: Имате ли партнер за филмска романса?

Ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го исполнат денот со радост

Ова е веројатно најубавиот период од годината. И покрај тоа што 2020 година беше тешка и турбулентна, на крајот сите ние чувствуваме надеж и очекувањe за нешто добро, споделуваме љубезност, љубов и најдобри желби. Во духот на новите почетоци, ви го нудиме овој декемвриски одличен избор на филмови кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го исполнат денот со радост.

Започнуваме со „Божиќен состанок за татко ми“, филм на режисерот Мик Дејвис со Џереми Пајвен и Оливија Меј Берет во главните улоги. Ова е оригинален FilmBox наслов со интересна празнична приказна. По смртта на неговата сопруга, Дејвид се обидува да излезе на крај со тинејџерските „бубачки“ на неговата ќерка Џулс, се чувствува презаситен, немоќен и осамен. Но Џулс има план. За да најде нова партнерка за својот татко таа креира онлајн профили, во негово име на страници за состаноци,  без негово знаење и согласност.

Секако, ситуацијата брзо станува смешна кога Џулс почнува да смислува изговори за да биде повеќе време со татко ѝ и да може да ги проценува кандидатките на состаноците. Дали сѐ ќе се среди до Божиќ?

Ова е одлична комедија која можете да ја гледате заедно со вашите тинејџери затоа што ќе ви овозможи да отворите дискусија за важноста на искреноста, комуникацијата и емпатијата меѓу родителите и децата. И секако сите заедно ќе се забавувате. Запомнете го датумот 24.12. и гледајте го „Божиќен состанок за татко ми“ на FilmBox Premium во 20 часот.  Овој оригинален  FilmBox наслов ќе биде достапен за нашите гледачи и на  FilmBox Extra од 26 декември во 21 часот.

Останете во истото празнично расположение во текот на целиот месец и гледајте два одлични филма еден по друг, „Божиќни писма“ и „Божиќен бакнеж“ на FilmBox Extra во недела на 13.12. со почеток во 12.35 часот. Прво, ќе имате можност да ѕиренете во содржината на писмата испратени до Дедо Мраз. Сте примиле ли некогаш одговор на такво писмо? Во романтичната комедија „Божиќни писма“ мистериозна жена која работи во пошта одговара на писмата за Дедо Мраз и го освојува срцето на еден разочаран поштар.

И не го менувајте каналот, веднаш по „Божиќните писма“, следува „Божиќен бакнеж“, вистинска романска која почнува на божиќен настан на кој Џена ќе го доживее неочекуваниот и незаборавен бакнеж со згодниот билионер Купер Монтгомери.

За нештата да бидат покомплицирани Монтгомери е момчето на нејзината напорна шефица. Џена стравува дека може да биде истовремено емотивно повредена но и да остане без работа. Дознајте дали на крај љубовта ги надминува сите препреки!

Романса и трилер во Париз се испреплетуваат во класикот „Шарада“ со Кери Грант и Одри Хепберн во главните улоги. Кога филмот се појавил на Божиќ 1963 година, репликата на Хепберн “би можеле да бидеме убиени во секој момент“ била натсинхронизирана со “во секој момент може да не елиминираат“ затоа што потсетувала на скорешното убиство на претседателот Џон Ф. Кенеди. Јасно се слушала натсинхронизацијата и отскокнувала од остатокот на филмот.

Подоцна сите оригинални снимки се вратиле на оригиналната реплика без натсинхронизација иако сеуште може да се сретне некоја копија со натсинхронизација. Приказната во филмот се врти околу млада жена која е прогонувана од луѓето кои се во потрага по богатството што го украл нејзиниот починат сопруг. На кого може да му верува? Дознајте на FilmBox Arthouse на 25.12 во 12.10 часот.

Оние кои бараат шекспировска вибрација во филмовите не смеат да го пропуштат „Трговецот од Венеција“ на Filmbox Stars на 12.12 во 21 часот.

Филмот започнува со визуелен приказ на настан кој во оригиналната драма се споменува само низ разговорот. Го гледаме трговецот Антонио (толкуван од Џереми Ајронс), на мостот Риалто, како плука кон Шајлок, толкуван со неверојатен интензитет од Ал Пачино. Всушност плукањето е одраз на односот на Венеција кон Евреите кои истовремено се и омразени и неопходни. Без нив, како позајмувачи на пари, економијата на градот не би можела да функционира но Христијаните се принудени да прават деловни зделки со луѓето за кои ги врзува крвна клетва. Филмот е прекрасен за гледање, заситен со ренесансни бои и сенки, снимен во прекрасната Венеција, едноставно ќе ви ги исполни и очите и душата.

Ви недостига акција? Тука е „Војна на световите“ на Стивен Спилберг. Ако сакате уште еднаш да се утешите дека нема да има крај на светот затоа што е тука Том Круз да го спаси, погледнете го „Војна на световите“ на FilmBox Premium во недела, 27.12 во 21 часот.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.