Профилот на Биковиќ исчезна од социјалната мрежа Икс!? Еве што се случи со сметката на популарниот актер (фото)

Тој да е жив и здрав...

Ете и тоа се случува…

Актерот Милош Биковиќ требаше да добие улога во третата сезона на серијата „Белиот лотос“, но неговиот ангажман беше откажан многу брзо, откако беше мета на Украинците кои ја нападнаа американската телевизиска мрежа и побараа на Милош да му се одземе улога.

Имено, во последните неколку дена на социјалната мрежа Икс се водеше полемика дека профилот на Биковиќ на оваа платформа е затворен, бидејќи неговиот профил не постои. Сепак, како што дознаваат медиумите од регионот, Милош самоиницијативно решил да се повлече од споменатата социјална мрежа на одредено време.

Да потсетиме, Милош по срамната одлука на HBO сподели објава на својот Инстаграм профил како одговор за целата ситуација:

„Пораснав во земја уништена од војна. Кога имав 11 години, поминував денови и ноќи во засолниште, додека мојата земја и мојот роден град беа бомбардирани. Никогаш никому не би посакал таков пустош. Секој ден има се повеќе конфликти низ целиот свет. Секој од нив е различен.  Би сакал сите да престанат и да преовлада принципот на љубовта. Денеска против мене се води таргетирана кампања која преку надворешно влијание создава сериозен преседан, фрлајќи сенка врз суштината на уметничката слобода. Резултатот од таквиот наратив е триумфот на глупостите и поразот на уметноста. Чест ми е што сум избран да бидам дел од „Белиот лотос“, ТВ-серија која многу ја ценам. Сепак, моето учество во неа не е можно од причини надвор од доменот на културата и нема да се поклонам на наратив кој го загрозува мојот интегритет. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене, а на колегите им посакувам голем успех во новата сезона. И покрај се, сепак верувам дека уметноста лечи и може да го обедини човештвото. Затоа, моите убедувања и мојата посветеност на уметноста ќе останат непроменети“, напиша Биковиќ, додека бројни колеги од светот на актерството го поддржаа и му порачаа „Остани слободен!“.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.