Наскоро ќе започне гласањето за „U&Z Influencer awards 2020“! Дознајте повеќе за Fashion категоријата

Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери!

Генерален покровител на конкурсот е „Виолета“, а категоријата со најголем број на пријавени учесници е Fashion категоријата посветена на модата и нејзината моќ и влијание.

Токму таа моќ што ја има модата со својата способност веднаш да го подобри расположението и самодовербата, им е добро познато на нашите пријатели од „Лисца“, спонзорот на оваа категорија.

Брендот Lisca веќе 65 години создава прозиводи во кои се чувствуваме прекрасно, удобно и самоуверено. А сега како новина воведоа и колекција женски хулахопки со гаќички! Свиленикави, меки, во бои што секогаш ни требаат, ќе се погрижат и вашите нозе да изгледаат прекрасно. Со тантела или со точки, за обликување на телото, во боја на кожата или црни…

 

Корисни совети околу она што мора да го знаете при избор на вистинката големина на хулахопките, како правилно да се обујат хулахопки и да останат неоштени, како и широкиот избор на сите производи можете да ги најдете на веб-страната на Lisca.

 

Придружете ни се во изборот на највлијателните момци и девојки на социјалните медиуми, наскоро ќе започне гласањето. Останете со нас, тука, на нашиот портал, како и на Инстаграм профилот на Убавина и здравје.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.