Викторија Бекам во фустанот што секоја жена би требало да го има во плакарот: Ги крие недостатоците и одговара на секој тип обувки!

Непогрешлив класик

Модната дизајнерка Викторија Бекам отсекогаш била позната по својот добар моден стил

Стајлинзите на Викторија Бекам се одличен пример за сите жени кои обожаваат деловна елеганција. Плакарот на славната убавица е преполн со безвременски модни класици, како што е и нејзиниот последен фустан што го носела неодамна.

Убавата бринета била видена како ја напушта својата продавница дотерана од глава до пети. Поради пандемијата, вистинска реткост е да се види поранешната спајсица во фустан и потпетици, кои ги обожава повеќе од кои било други удобни обувки. 46-годишната Викторија Бекам прошетала низ лондонските улици во прекрасен фустан од својата колекција.

Станува збор за црвен фустан-кошула со миди крој, кој е одличен избор за сечија фигура. Освен тоа, сигурен избор е за секоја пригода, како што се имаме уверено повеќе пати. Фустаните-кошули се како спасувачки појас во деновите кога не знаете што да облечете. Доволно е само да го облечете фустанот и, во зависност од стајлингот што сакате да го постигнете, да обуете потпетици, балетанки или патики. Викторија овој пат се одлучила за ефективни розови потпетици кои на овој стајлинг му дале колор блок ефект.

Викторија добро знае дека овој модел на фустан ѝ ласка на женската фигура и со леснотија ги крие евентуалните недостатоци, а деталот на контрастната панделка на крагната дава доза на префинетост.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.