Познатиот актер се појави со 27 години помладата девојка: Се сакаа во тајност, а сега веќе не ја кријат љубовта

Шоубизнис

Разликата во годините меѓу партнерите е повторно голема тема. Поводот е појавувањето на познатиот актер Расел Кроу (57) на црвениот тепих со својата девојка Бритни Териот (31).

Познатиот пар присуствуваше на премиерата на филмот Poker face во Рим, каде што престојуваат неколку недели поради снимањето на The Pope’s Exorcist, во кој Расел, исто така, ја игра главната улога.

Во извештаите за настанот, најмногу се истакнува разликата во нивните години, но јавноста се потсети на 2020 година кога се дозна за нивната врска – ги разоткри бакнежот, кој го забележаа папараците. Идната година беа забележани како играат тенис во Австралија и се досега генерално беа во медиумска „илегала“.

Расел и Бритни наводно се запознале уште во 2013 година на снимањето на филмот Broken City, додека тој се’ уште официјално беше во брак со актерката Даниел Спенсер, со која се раздели во 2013 година, девет години по венчањето, а се разведе во 2018 година. Поранешните партнери имаат два сина.

Разводот има свој начин да ве натера сериозно да ги преиспитате работите кои се важни во животот и работите кои не се. Низ тој процес погледнав околу себе и сфатив дека имам многу од тие работи. Работи поврзани за кариерата, работи кои ги собрав и генерално некои други работи. Кутии и кутии со работи, па во духот на одење напред, еве дел од тие работи, изјави актерот во 2018 година, кога по разводот, на аукција продаде 227 предмети.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.