Повеќе од убава: Моќна кампања на модниот бренд Миннимал, поддржана од Божиновски часовници и накит

#ПовеќеОдУбава

Ова е само почеток на една приказна која ќе расте и ќе се развива секоја наредна година

Деновиве осамна една моќна и сплотена женска кампања под слоганот #ПовеќеОдУбава.  Кампањата има за цел да ја потсети жената дека може да биде што ќе посака, кога и да посака. Таа е една уникатна, автентична и комплексна приказна која не може да ја дефинира ниту физичкиот изглед, ниту состојбите во кои што се наоѓа, туку начинот на кој што реагира на тие состојби.

Авторката Ксенија Николова веќе препознатлива по нејзината транспарентност кога станува збор за деликатни теми е токму носител на оваа кампања. Кампањата е организирана од модниот бренд Миннимал, а од Божиновски часовници и накит е препозната како моќен медиум кој што може да зборува за важни теми.

Целта на кампањата е да се започне едно движење без било какво етикетирање или истакнување на приватни или професионални успеси и достигнувања, движење со кое жените во нашето општество заеднички ќе порачаат дека се многу повеќе од својот физички изглед, ќе се охрабрат меѓусебно за да ја истакнат својата автентичност и да се чуствуваат доволни во секоја своја верзија и животна фаза. Ова е само почеток на една приказна која ќе расте и ќе се развива секоја наредна година.

Накитот Ти Сенто можете да го погледнете ТУКА.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.