Извонреден концерт во Филхармонија: Јосипа Лисац уште еднаш докажа дека е ненадминлива музичка дива!

Фантастична атмосфера

Публиката се врати во некои поубави, носталгични времиња

На 3. ноември во Филхармонија се одржа незаборавен концерт на музичката дива Јосипа Лисац, по повод 50 години од издавањето на нејзиниот албум „Дневникот на една љубов“, во организација на „Авалон продукција“.

Публиката се потсети на најголемите хитови на 73-годишната хрватска пејачка и уживаше во познатите евергрини како „Магла“, „А, каде си ти“, „За една младост“, „Дневникот на една љубов“…

Музичката легенда ги врати посетителите во некои поубави, носталгични времиња и создаде фантастична атмосфера за паметење.

Дел од атмосферата ви пренесуваме во галеријата подолу…

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.