Последната желба на принцезата Дијана е одмазда: Чарлс со години се плаши од ова!

Доверлив извор од британскиот двор открива

Принцезата Дијана трагично го изгубила животот во 1997 година и немала можност да види како нејзиниот син, 38-годишниот принц Вилијам станува крал на Велика Британија. Оттогаш поминале 23 години, а нејзиниот поранешен сопруг, 71-годишниот принц Чарлс, прв во редот за кралската круна, сè уште го чека својот голем момент.

И додека на дворот сè погласно се шушка дека кралицата ќе бара од Чарлс да му ја предаде круната на синот Вилијам, нему сè посилно му одѕвонуваат во уши зборовите што принцезата Дијана ги изговорила пред смртта. Наводно, нејзината последна желба била токму Вилијам да биде крал наместо Чарлс.

Доверлив извор од дворот открил дека најголемата желба на Дијана била Вилијам да биде крал, а тоа и самата го навестила кога во познатото интервју за Панорама во 1995 година шокантно изјавила дека Чарлс не би смеел да стане крал.

„Чарлс и онака се чувствува многу несигурно поради анкетите кои покажуваат дека Вилијам е многу попопуларен од него помеѓу Британците, а свесен е и дека кралицата е свесна за тоа. Затоа се плаши дека последната желба на Дијана би можела да се оствари“, рекол изворот и додал дека тоа би можело да биде одмаздата на Дијана од гробот.

Братот на принцезата Дијана ја открил нејзината најголема траума од детството: Ѝ ветила дека ќе се врати, но никогаш не дошла!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.