Братот на принцезата Дијана ја открил нејзината најголема траума од детството: Ѝ ветила дека ќе се врати, но никогаш не дошла!

Болката не стивнува

Грофот Чарлс Спенсер си ја отворил душата за британските медиуми

Братот на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер (56) поминал низ многу тежок период во животот со својата покојна сестра кога им се развеле родителите.

Сега грофот Спенсер отворено прозборел за британските медиуми за болката и страдањето низ кое поминувале заедно кога нивниот татко Џон Спенсер и неговата прва сопруга Франсиз се развеле во 1969 година.

„Дијана и јас имавме две постари сестри кои отидоа на школување, така што ние двајцата заедно поминуваме низ тоа“, открил Чарлс Спенсер.

Меѓутоа, не ги погодил само разводот на родителите, туку и односот што го имале со мајка им.

Дијана ја чекала мајка си на куќниот праг, но таа никогаш не дошла

„Нашиот татко беше извор на љубов, но нашата мајка не беше за мајчинство. Тоа не е нејзина вина, таа едноставно не можеше. Додека ги пакуваше своите работи за да си замине од дома, ѝ вети на тогаш петгодишната Дијана дека ќе се врати да ја види. Дијана ја чекаше на куќниот праг, но таа никогаш не дојде“, вака ја опишал една од најголемите трауми што ги доживеала сестра му како дете.

И во претходните разговори на оваа тема, Чарлс Спенсер знаел да каже дека разводот на родителите тешко ѝ паднал на Дијана.

Постојана работа на себе

Поради своето соочување со заминувањето на мајката, гроф Спенсер признал дека веќе 20 години оди на терапија и длабоко работи на своето несреќно детство.

Таа работа ја нарекол мачна и ужасна, но резултатите се катарзични.

„Многу е добро да се премине на другата страна. Единственото нешто што го научив од моето искуство е тоа што многу малку луѓе се деструктивни по природа“, рекол тој.

Инаку, Чарлс се женел три пати, а се тврди дека поради траумата од детство кај него се јавила потреба да ги спасува луѓето. Сепак, до моментот кога ја запознал претприемачката Карен со која се оженил во 2011 година, неговата свест се променила.

„Многу брзо се свршивме и знам што си мислеа луѓето – ‘еве го повторно’. Но бев сигурен“, рекол тој за својата последна сопруга.

А Карен, која сега носи титула грофица Спенсер, тврди дека најпривлечното нешто кај Чарлс е тоа што тој сака да работи на себе и го прави тоа.

Решена мистеријата што се крие зад двата часовника на раката на покојната принцеза Дијана
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.