Поради овие фотографии се шпекулира дека Шерон Стоун е во врска со 38 години помладиот рапер (ФОТО)
Излегуваат заедно и одлично се забавуваат
Се шпекулира дека 63-годишната Шерон Стоун веќе неколку месеци е во врска со 25-годишниот рапер „RMR“, кој во јавноста се појавува со маска за скијање на лицето и со златни коронки на забите, а неговото вистинско име не ѝ е познато на јавноста.
Гласините дека се во врска ги поттикна и најновата фотографија на која раперот ја прегрнува Шерон. Парот на концертот на раперот Дрејк танцувал во хип-хоп ритам и пиел коктели, а „RMR“ изјавил дека Шерон е „неверојатно кул“.
View this post on Instagram
Засега им одговара да се дружат на ваков начин. Тие излегуваат заедно и одлично се забавуваат“, вели извор близок до парот.
Фото: Инстаграм