5 знаци на претерана родителска грижа: Не сте ни свесни какви последици остава ова на менталното и физичкото здравје на децата!

Совет за сите родители

Фото: Guliver/Getty Images

Воспитувањето на децата е одговорна работа што вклучува балансирање помеѓу претераната попустливост и строгост – да не ги контролирате премногу, а повторно да постојат доволно граници

Вистина е дека и вишокот внимание може да наштети еднакво како и неговиот недостиг, па овие пет показатели ќе ви сигнализираат дека сте меѓу оние што сепак претеруваат. Претераната грижа може да предизвика стрес, депресија, замор и лоша здравствена состојба.

Готвите посебни оброци за децата

Секако, ако за посебна пригода сте приготвиле риба што ја јадете вие и сопругот, но знаете дека децата сигурно нема да ја јадат, во ред е да им го дадете она што го сакаат. Меѓутоа, ако секоја вечер се убивате од работа за да приготвите втор оброк што децата би го јаделе, тогаш им испраќате порака дека кујната се врти само околу нив.

Детето ги прекинува разговорите на возрасните

Едно истражување за воспитување деца покажува дека децата додека не достигнат возраст од седум години прилично се свртени кон себе и имаат егоцентричен поглед кон светот. Можете да му објасните на дете од пет години да не го прекинува разговорот, но тоа нема да разбере зошто е тоа непристојно. Кај поголемите деца, кои развојно би требало да бидат помалку егоцентрични, прекинувањето на туѓиот разговор е начин на наметнување моќ.

Децата ви се поважни од бракот

Ако во еден момент го пренасочите вниманието од детето кон сопругот, тоа нема да му наштети на детето. За нивното чувство на сигурност важно е да видат како луѓето што најмногу ги сакаат истовремено се сакаат и меѓусебно. Тоа на децата им дава чувство на безбедност, мир и така учат што е љубов.

Останувате дома поради однесувањето на детето

Дали некогаш сте одбиле покана за дружење, бидејќи сте знаеле дека вашето дете нема да се однесува добро? Или не сте отишле во ресторан на вечера, бидејќи сте знаеле дека детето нема да може да седи мирно? Ако мислите дека паметно ги одбирате битките, не сте во право. Всушност, со тоа само му давате власт на детето и пропуштате ситуации во кои тоа би можело нешто да научи и да порасне.

Децата спијат со вас секоја вечер

Ако вашето дете на возраст од четири години никогаш не спие во својот кревет, можеби му давате премногу внимание. Притоа, не зборуваме за заедничките организирани спиења, туку за секојдневна ситуација во кое детето постојано спие со родителите. Тоа покажува недостиг од поставени граници.

Истражување: Семејствата со четири или повеќе деца се најсреќни и најзадоволни
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.