Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 8 јули 2021 година

Погледнете каков ден ве очекува

На Биковите им треба одмор, Девиците си ја вршат својата работа, Шкорпиите се напнати.

ОВЕН

Доколку останете доволно фокусирани и посветени на работата, ќе можете да стигнете далеку на ова поле. Ќе се зближите со личноста што ви се допаѓа. Добар ден е да започнете нова врска. Избегнете стрес денес.

БИК

Ако сте премногу пасивни на деловно поле, можеби ќе ја пропуштите шансата да напредувате. Можно е несвесно да сте го довеле во заблуда вашиот партнер и сега имате некои проблеми со него. Потребн ви е одмор.

БЛИЗНАЦИ

Не се оптеретувајте премногу на работа денес. Можно е работите да не се како што ви изгледаат. Потрудете се искрено да комуницирате со вашата сакана личност и да ѝ покажете разбирање. Здравјето е добро.

РАК

Ве чека многу добра фаза за работа. Може да очекувате реализација на нови договори. Можно е да започнете љубовна врска во која ќе имате длабоки и искрени чувства кон партнерот. Периодот е поволен за опоравување.

Прочитајте и: Подгответе се за неочекувани промени на поле на љубовта: На 10 јули ни пристигнува млада месечина, а најмногу ќе влијае врз овие знаци!

ЛАВ

Пред вас е период во кој ќе имате мали компликации на деловно поле. Ако преземете иницијатива, ќе можете да имате поинтимна врска со саканата личност. Можни се проблеми со синусите.

ДЕВИЦА

Добро ви оди и сте задоволни од перформансите. Може да очекувате поволен период на деловно поле. Неопходно е да се смени пристапот во комуникацијата со вашиот партнер, доколку сакате вашата врска да напредува. Склони сте на депресија.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе можете да ги постигнете своите цели. Важно е да ги негувате вашите амбиции. Потрудете се да постигнете компромисни решенија со вашиот партнер во врска со прашањата што ве вознемируваат. Пазете се од сообраќај.

ШКОРПИЈА

Вие сте постојано напнати и ова влијае негативно на вашето поле на работа. Грижете се за вашите одлуки. Подготвени сте да ѝ покажете на вашата сакана личност дека сакате да изградите нешто посериозно со неа во иднина. Најдете повеќе време за спиење.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате дека денес ќе имате можност да донесете некои нови одлуки во областа на работата. Фантазирате за личност што ви се допаѓа, но чувствувате дека сè уште не сте подготвени да го направите првиот чекор кон неа. Можна е главоболка.

3 знаци на Зодијакот на кои никогаш не смеете да им доверите тајна и три на кои можете да им кажете сè

ЈАРЕЦ

Не трошете многу пари во следниот период затоа што може да имате некои финансиски проблеми. Сомнеж за нови одлуки на љубовно поле. Вашиот партнер влева недоверба во вас. Чувствителен нервен систем.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е период во кој ќе бидете посветени на своите обврски и амбиции. Спонтано ќе запознаете личност која може да ви биде многу важна на долг рок. Вкочанетост во пределот на вратот.

РИБИ

Може да очекувате да бидете задоволни кога станува збор за вашата работа денес. Можно е парнерот да покаже дека не е подготвен да прави поголеми планови за иднината со вас. Помали проблеми со циркулацијата.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.